
Србија не успеа да ја победи Данска (0-0) во Лесковац, но Душан Влаховиќ одигра добар натпревар, иако не постигна гол. Имаше неколку одлични шанси, но топката не сакаше во голот.
„Многу ми е жал што не победивме. Сметам дека ова е наш најдобар натпревар во последните две години. Останува голема тага, но сакам да им честитам на тимот за извонредниот однос и играта против историски тежок противник за Србија. Имавме шанси да се пласираме во првиот шешир, но топката не влезе во голо. Сигурно има причини за тоа, но така е како што е. Мислам дека ова е вистинскиот пат и дека одигравме квалитетен натпревар. Треба да продолжиме вака“, изјави Влаховиќ.
Напаѓачот се пожали на повреда пред да биде заменет.
„Почувствував болка во задната ложа и морав да побарам замена. Не го одиграв натпреварот до крај, иако многу сакав. Во Торино ќе направам комплетни прегледи“, истакна напаѓачот на Јувентус.
„Најубаво е дома, кога можеш да ја почувствуваш љубовта на својот народ. По овој натпревар можеме да си одиме со кренати глави. Знам дека го дадовме својот максимум. Бевме многу опасни, секојпат кога топката преминуваше на противничката половина, беше закана за нивниот гол, но не успеавме да победиме. И нивниот голман имаше одлични интервенции, честитки за тоа. Беше прекрасно да се игра во Лесковац“, заврши Влаховиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
