
Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, нема да игра за Србија на почетокот на Лигата на нации против Шпанија и Данска.
Србија ќе го има својот дебитантски натпревар во А-дивизијата на Лигата на нации на 5-ти септември, кога ќе го пречека европскиот шампион Шпанија на стадионот на Црвена звезда, а три дена подоцна ќе гостува во Копенхаген против Данска.
Влаховиќ ја објави оваа информација преку “стори” на својот Инстаграм профил.
„Денес го известив стручниот штаб дека поради семејни причини нема да бидам во можност да се оѕвам на поканата од селекторот за претстојните натпревари на Лигата на нации против Шпанија и Данска“, напиша Душан Влаховиќ на Инстаграм.
Главното прашање што ја окупира српската фудбалска јавност е дали ова не е некоја нова афера и дали Влаховиќ ќе биде на располагање на селекторот Драган Стојковиќ за натпреварите во октомври.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
