Јувентус продолжи со победничката серија во Серија А, откако во последниот денешен натпревар во Италија извојува минимален триумф на гостувањето кај Калјари со 0-1.
По два натпревари на клупата, Душан Влаховиќ се врати во стартниот состав и повторно беше херој на „старата дама“. Српскиот напаѓач ја покажа својата голгетерска класа уште во 12. минута, кога од тешка позиција го постигна единствениот гол на мечот.
🚨🇮🇹 GOAL | Cagliari 0-1 Juventus | Vlahovic
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) February 23, 2025
VLAHOVIC OPENS THE SCORING FOR JUVENTUS!pic.twitter.com/JQgJIfQRnz
Во вториот дел, Калјари се обиде да дојде до израмнување, но тоа му остави простор на Јувентус за опасни контранапади. По една таква акција, Влаховиќ се најде во одлична шанса, но беше оттурнат и не успеа да шутира како што посакуваше. Србинот бараше пенал, убеден дека врз него имаше прекршок, но судијата не покажа на белата точка.
Со оваа победа, Јувентус го прескокна Лацио и се искачи на четвртото место, иако и понатаму заостанува далеку зад лидерот Интер. Од друга страна, Калјари останува на 15. позиција со 25 освоени бодови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













