
Работнички оствари убедлива победа (0-3) на гости против Слога Виница и се пласира во осминафиналето на Купот, надоврзувајќи се на триумфот (2-0) против Брегалница во шестото коло од Првата фудбалска лига. Сигурна игра во одбраната и креативен напад, секако, тоа носи задоволство и кај шефот на стручниот штаб Александар Влахо.
„Фудбалерите одиграа максимално професионално на куп-дуелот против Слога Виница, стигнавме до заслужен триумф и продолживме во победнички ритам по неделниот меч со Брегалница. Задоволен сум од односот на фудбалерите кон играта и исполнувањето на тактичките замисли, покажавме зрелост и знаевме да се носиме со предизвикот. Сега би сакале да продолжиме во исто темпо и во Ѓорче Петров. Не очекува тешко гостување кај Македонија ЃП. Меѓусебните мечеви со овој противник секогаш се тешки и неизвесни до самиот крај, а победува оној што ќе ги сведе своите грешки на минимум. Се надевам дека фудбалерите и овој натпревар ќе го одиграат според реномето на Работнички“, изјави шефот на стручниот штаб, Александар Влахо, за официјалниот сајт на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
