
Работнички не успеа да ја продолжи серијата победи во првенството играјќи 1-1 против Пелистер во осмото коло. Тимот на Александар Влахо имаше водство до 90.минута со голот на Александар Ристевски, но едно невнимание во одбраната пресуди да биде примен погодок во самата завршница. Ова треба да биде поука дека мечот треба да биде ’затворен’ многу порано, вели шефот на стручниот штаб.
„Имавме победа в раце, но ја испуштивме. Ова треба да биде една добра поука за младиот тим на Работнички дека натпреварите треба да се ’затворат’ многу порано со втор погодок. Имавме неколку шанси за тоа, но не ги искористивме. На крајот дозволивме Пелистер да има можност да нападне бод и едно невнимание на крајот беше кобно, иако можеби и среќно за ривалот топката отседна во нашата мрежа. Но, ќе ги анализираме сите грешки и треба да извлечеме поуки. Ќе ни бидат многу важни за продолжението од шампионатот. Во меѓувреме, веќе сме фокусирани на следниот предизвик, в недела гостуваме на Чаир и ќе играме против лидерот Шкупи. Тоа е одличен тим, важат за големи фаворити, а ние ќе се подготвиме максимално за да се претставиме во добро издание“, вели Александар Влахо.
По осум одиграни кола, Работнички се наоѓа на третата позиција на табелата со 15 освоени бода, два помалку од Шкупи и од Ренова кои се на врвот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
