Работнички оствари значаен триумф (0-1) на гости против Академија Пандев во првиот пролетен натпревар. На снежниот терен на комплексот на Академија Пандев во Струмица, избраниците на Александар Влахо прикажаа максимална борбеност и желба за победа и ја отворија пролетната полусезона на најдобар можен начин.
Шефот на стручниот штаб е задоволен од изданието на тимот и од успехот на стартот на пролетта.
„Среќни сме поради триумфот остварен на тешкиот терен во Струмица. Ја почнавме сезоната со три бода, како и што посакувавме. Момците прикажаа фанатична борбеност, желба за успех и тактичка дисциплина во играта. Теренот не беше толку лош, можеше и подобро да биде исчистен со оглед дека беше замрзнат. Нашата тактичка замисла во пресрет на мечот беше сосема поинаква, но потоа се прилагодивме на условите за игра. Променивме тројца фудбалери во почетниот тим“, вели Александар Влахо за официјалниот сајт на клубот.
На снежниот и замрзнат терен, можеше да се дојде до триумф само по грешка на противникот.
„За среќа, ние ја искористивме грешката на противникот, Кристијан Стојкоски се снајде одлично во финишот на мечот и го постигна победничкиот погодок. Имавме и ние една грешка на избивање на топката на Јанков, но противникот не ја искористи. Создадовме и шанси, во првото полувреме Ѓорѓевиќ шутираше со глава, а потоа и акцијата на Стојкоски за која не сум уверен дека беше офсајд. Но, идеално го комплетиравме тешкото гостување и сега ќе одиме од натпревар во натпревар кон нови победи. Имаме мал проблем со одложувањето на преостанатите мечеви од првото пролетно коло и ќе треба да ја одржиме натпреварувачката форма во наредните две седмици додека паузираме“, истакнува Александар Влахо.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski