По две седмици пауза поради репрезентативните настапи,Работнички в недела продолжува со првенствените обврски. На домашен терен го пречекува тимот на Борец, кој е шестопласиран на табелата, со идентичен број бодови (33) како и „романтичарите“.
Шефот на стручниот штаб Александар Влахо вели дека Работнички квалитетно ја искористил мини – паузата во шампионатот и очекува тежок дуел против Борец.
„Борец е цврст тим, имаат исто бодовно салдо како и Работнички и нема да биде лесно да се совлада. Го почитувам колегата Борче Христов, мислам дека неговата екипа умее одлично да игра на резултат и не се сомневам дека не очекува тежок и неизвесен натпревар. Ние одработивме еден вид мини – подготовки за време на репрезентативната пауза, се подготвивме, се освеживме, одигравме и пријателски натпревар против Ренова. Бевме без четворица фудбалери кои имаа репрезентативни обврски, Јанков, Лука Станковски, Максимов и Тодоровски, но, сепак, видов многу добри елементи во играта, а секако исправивме и одредени грешки. В недела, очекувам да одиграме квалитетен натпревар, на домашен терен конечно да го покажеме целиот потенцијал и да оствариме успех“, изјави шефот на стручниот штаб, Александар Влахо, за официјалниот сајт на клубот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski