Македонскиот шампион Шкендија избори пласман во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, откако во драматичен реванш го совлада велшкиот ТНС со 2-1 по продолженија. Решавачкиот гол падна во 116. минута, кога по продор од десната страна на Фитон Адеми, топката заврши во мрежата како автогол на Боденхам.
Со оваа победа, Шкендија не само што го елиминира ТНС, туку во најмала рака си обезбеди место во плејоф-рундата на Конференциската лига, дури и ако не успее против следниот ривал – ФЦСБ. Сепак, амбициите на тетовскиот клуб се поголеми, и екипата ќе се обиде да направи значаен европски подвиг летово. Ова и особено ако се знае дека ФЦСБ вечерва загуби од Интер Ескалдес во Андора со 2-1, но победи дома во Романија со 3-1.
Натпреварот започна одлично за Шкендија – Љатифи ја погоди стативата уште во третата минута, а Фабрис Тамба во 18. минута го отвори резултатот со погодок за водство. Сепак, ТНС се врати во игра пред крајот на првото полувреме, кога Џордан Вилијамс во 38. минута израмни на 1-1.
Во второто полувреме Шкендија беше поактивна и наметна темпо, но не успеа да го реши натпреварот во регуларниот дел. Сепак, продолженијата ѝ донесоа награда – автоголот на Боденхам ја запечати победата и пласманот понатаму.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Халанд: Мечот со Англија е специјален за мене
Втора лига
Баже Јанакиевски е нов тренер на Работнички













