
„Вистинска револуција“, како што ја нарекува најчитаниот италијански весник „Газета дело спорт“, е промената што ќе ја обележи Серија А од почетокот на следната сезона.
„Газета“ пишува дека од сезоната 2021/22, натпреварите од едно коло ќе се играат во три дена, од сабота до понеделник, но во дури десет различни термини.
Челниците на Серија А решија така затоа што играњето повеќе натпревари во ист термин предизвика потешкотии со сигналот, а со тоа и квалитетот на преносот, бидејќи капацитетите на телевизиската компанија „ДАЗН“, која емитува натпревари од Серија А, ќе бидат преоптоварени со истовремен притисок од премногу претплатници.
Затоа, натпреварите ќе се играат во четири саботни термини во иднина: 14.30, 16.30, 18.30 и 20.45. Во недела термините се резервирани во 12.30, 14.30, 16.30, 18.30 и 20.45 часот, а во понеделник натпреварите ќе се играат во 20.45 часот

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal
