Легендарниот шпански стратег Висенте Дел Боске, кој освои светска и европска круна со„црвената фурија“, како и многу трофеи во периодот кога го предводеше Реал Мадрид, денеска беше гостин на Агенцијата за млади и спорт и ФОН Универзитет во Скопје. Тој сподели моменти од животната приказна, тајните на неговата кариера и клучните правила кон успехот во фудбалот на фудбалските стручни лица, тренери, спортисти и спортски работници од државава.
„Шпанија ги достигна светските и европските височини, но тоа не беше лесно да се оствари. Знаете дека репрезентацијата е составена најмногу од фудбалери на Барселона и на Реал Мадрид и не беше лесно тој тим да се спои во една победничка целина. Но, тоа секогаш беше мојата цел, да се гледа кон победата, ништо друго не ме интересираше, а истото го барав и од фудбалерите. Заедништвото во соблекувалната беше клучот за успехот на Шпанија, мислам дека тоа е најважната алка во секој спортски колектив“, изјави Висенте Дел Боске.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













