Ѕвездата на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, Винисиус Жуниор, повторно влета во скандал. Според каталонскиот „Спорт“, тој го навредил главниот судија за време на натпреварот од светските квалификации меѓу Венецуела и Бразил, кој заврши 1-1.
Винисиус бил бесен поради одлуката на судијата да не дозволи предност, што прекина опасен напад на неговиот тим.
Навредливите зборови на Винисиус биле потврдени и од коментаторот на бразилската телевизија, кој истакнал дека не е потребно да се биде експерт за читање од усни за да се разбере што кажал фудбалерот.
На натпреварот против Венецуела, Винисиус промаши пенал во второто полувреме, а кон крајот на мечот испровоцира црвен картон за Александер Гонзалес од домаќините, кој му удри шлаканица.
Винисиус Жуниор е видливо нервозен во последно време, особено откако не успеа да ја освои „Златната топка“, а Реал Мадрид се соочува со тешкотии во Лигата на шампионите.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













