
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Вилјареал со 3-1 во натпревар од осмото коло на шпанската Ла Лига и се искачија на првото место со два бода повеќе, но и со еден натпревар повеќе во однос на второпласираната Барселона.
Херој на „кралскиот клуб“ вечерва беше Винисиус, кој постигна два гола за домаќините, а воедно и изнуди црвен картон за дефанзивецот на гостите, Мурињо, практично решавајќи го прашањето околу победникот.
Вилјареал имаше одлична шанса да поведе кога брзоногиот напаѓач Олувасеји се протна покрај стоперот на Реал, Хаусен, но во клучниот момент слабо шутираше, а Куртоа го запре неговиот обид.
Реал проработе во второто полувреме, а најзаслужен за тоа беше расположениот Винисиус. Во 47. минута Бразилецот ја прими топката на левото крило, со карактеристичен дриблинг го исфрли чуварот Мурињо, упати удар, а топката на патот кон голот закачи Комесања, го смени правецот и заврши во мрежата.
Винисиус вечерва ги „излуде“ противничките играчи, но и љубителите на фудбалот ширум светот со своите карактеристични падови, а еден таков му донесе пенал на Реал кога во 69. минута падна по дуел со стоперот на гостите, Марин. Тој ја презеде одговорноста и од белата точка зголеми на 2-0.
Вилјареал намали четири минути подоцна со прекрасен гол на Грузиецот Микаутадзе од дваесетина метри, но нивната надеж за реми беше згасната во 77. минута, кога Винисиус повторно „продаде“ контакт, а Мурињо доби втор жолт картон.
Реал тоа брзо го искористи и со голот на Килијан Мбапе девет минути пред крајот ја завери победата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Меѓународен фудбал
Прв гол, прв бод за Андора во квалификациите за СП

Меѓународен фудбал
Добра вест за Чаби Алонсо, повредата на Мбапе не е сериозна

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија
