
Вилјареал извојува значајна победа во битката за пласман во европските натпреварувања, совладувајќи го Бетис со 1-2 во Севилја, во натпревар од 31. коло во Ла Лига.
Домашниот тим го отвори мечот одлично – уште во третата минута, Аитор Руибал со прекрасно изведен удар го доведе Бетис во водство. Сепак, Вилјареал брзо возврати – во 26. минута, Тијерно Бери најдобро се снајде во мешаницата пред голот и израмни на 1-1.
Гостите целосно го свртеа резултатот на почетокот на вториот дел. Веќе во 48. минута, по прецизно додавање од Дани Парехо, Ајозе Перез ја смести топката во мрежата и донесе предност за Вилјареал.
Парехо беше блиску до трет гол за својата екипа, но неговиот шут заврши во стативата. Бетис ја презеде иницијативата до крајот, но не успеа да го смени резултатот.
Со овие три бода, Вилјареал го надмина Бетис на табелата – „жолтата подморница“ сега има 51 бод и е петтопласирана, додека тимот од Севилја падна на шестата позиција со 48 бодови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal
