Барселона би можела да биде изненадувачката дестинација за напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, пред крајот на преодниот рок, пренесува „Газета дело Спорт“.
„Старата дама“ сака да се ослободи од српскиот репрезентативец, на кого му останува уште една година од договорот во Торино. Доколку не биде продаден ова лето или во јануари, Јувентус ризикува во јуни 2026 година да го изгуби без обештетување.
Влаховиќ имаше неколку понуди ова лето, но проблем е неговата годишна плата од 12 милиони евра, која ја заработува во Јувентус. Најверојатно ќе мора да се сложи на одредено засилување и доколку сака да се пресели во Барселона.
за Србинот има интерес и од англискиот премиерлигаш Њукасл.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар со триумфот над Струга ТЛ и дефинитивно мина прв низ целта и ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Вардар е шампион, а голот вреден титула за триумфот во Струга го постигна Стефан...
Автор makfudbal













