Connect with us

Виктор Велкоски потпиша за албанскиот Лачи

Одбранбениот фудбалер Виктор Велкоски ја продолжува кариерата во Албанија. Тој потпиша договор со албанскиот клуб Лачи.


Велкоски минатата сезона беше дел од Вардар, а сега реши во финишот на преодниот рок да ја прифати понудата за да настапува во првенството на Албанија.


Централниот дефанзивец досега во кариерата има настапувано и за Работнички, Пелистер, Скопје и за Победа, а има искуство и од Грција, во дресот на Егиниакос.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови