
Поранешниот италијански репрезентативец Кристијан Виери смета дека Интер се уште има шанси за титулата во Серија А, иако Милан е фаворит. Двата тима конкурираат за првото место, а во моментот Милан е лидер во поредокот со 80 бодови, пред Интер со 78.
48-годишниот Виери, кој во кариерата играше за двата тима, изјави дека следниот противник на Милан, Аталанта, може да победи секого, додека Интер игра против Калјари, кој се бори за опстанок.
„Аталанта може да победи секого дома, но и како гостин во Италија“, изјави Кристијан Виери за италијанскиот весник „Газета дело спорт“.
„Се може да се случи во следните две кола. Можеби ќе има изненадувања, но ова е фудбал. Не можеме ништо да прифатиме како загарантирано“, дополни Виери.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski