
На фудбалерот на Челси и член на англиската фудбалска репрезентација, Рис Џејмс (21), му беше украден златниот медал од Лигата на шампионите, као и сребрениот медал од Европското првенство, во грабеж што се случил во неговиот дом оваа недела.
Џејмс беше ограбен на 14. септември додека Челси играше против Зенит во Лигата на шампионите. Тој на Инстаграм објави серија видеа од безбедносните камери во неговата вила. На нив е јасно видливо како група од четворица провалници со качулки провалуваат во неговата куќа.
„Група разбојници упаднаа во мојата куќа. Успеаја да земат тежок сеф во кој имаше некои мои лични работи и да го стават во нивниот автомобил“, напиша тој.
Тој додаде дека во сефот немало накит, а покрај медалите од Лигата на шампионите и од Европското првенство, му бил украден и медал од Суперкупот на Англија во 2021 година.
„Овие медали беа освоени кога ги претставував Челси и Англија, чест што никој никогаш не може да ми ја одземе, без разлика дали физички ги имам медалите“, додаде Рис Џејмс, велејќи дека полицијата им е во трага на разбојниците.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
