Connect with us

ВИДЕО: Расистичките навреди донесоа тепачка во Торино?

Во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија, Јувентус и Интер ремизираа 1-1. „Дербито на Италија“ остана во сенка на голем инцидент и тепачка во финишот на натпреварот, на која и претходеше црвениот картон на напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, откако во 95. минута постигна израмнувачки гол за својата екипа од пенал.


По голот, Лукаку го стави прстот пред уста за да ги замолчи навивачите на Јувентус кои синоќа расистички го навредуваа.

Белгиецот влезе агресивно во натпреварот од клупата во 69. минута, набрзина доби жолт картон и го навлече гневот на симпатизерите на Јувентус, а мала група извикуваше мајмунски крикови кои го испровоцираа.

„Јасно е дека чувствувавме расистички навреди, но јас одам подалеку од тоа и гледам на играч кој постигна голови, слави и сѐ се случи поради тоа“, изјави тренерот на Интер, Симоне Инзаги за „Медиасет“ по натпреварот.

После тоа Квадрадо и Хандановиќ влегоа во клинч, вербалната дискусија прејде во тепачка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови