Галатасарај и Манчестер Јунајтед за два часа треба да го стартуваат натпреварот од Лигата на шампионите, но почетокот на мечот е апсолутно неизвесен. Причина е поројниот дожд во Истанбул поради што теренот е речиси поплавен.
Инспекциските служби на УЕФА сѐ уште ја тестираат можноста за играње, меѓутоа евидентно е дека на одредени делови од теренот има премногу вода.
Турските медиуми објавија видео и од натпреварот меѓу младинските тимови на Галатасарај и на Манчестер Јунајтед (У19) каде топката едвај се движи или застанува поради премногу вода на теренот.
UEFA Gençlik Ligi'nde bugün Galatasaray ile Manchester United arasında oynanan maçtaki zemin koşulları. pic.twitter.com/Hz3p23KgxM
— FutbolArena (@futbolarena) November 29, 2023
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski