Connect with us

ВИДЕО: Пеев и Илијоски, за само две минути, за пресврт победа на Работнички во Чаир

Во натпреварот на двата тима кои изминатиов период минуваа низ тежок кризен период, на крајот Работнички се радуваше на победа против Шкупи.

„Романтичарите“ во Чаир дојдоа до пресврт победа од 1-2 благодарение на головите на Оливер Пеев и Баже Илијоски во период од само две минути.

Домашните најпрво дојдоа до водство од 1-0 со голот на Устабаши во 28. минута…

Но, во 63. минута по убавата акција од десната страна на Гофри, Пеев донесе израмнување на 1-1.

И, по само две минути, во 65. минута одлично проигрување меѓу Илијоски и Гофри, па оној првиот донесе значајна победа за Работнички.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови