9 ноември 1996 година…Ешен…Фудбалската репрезентација на Македонија ја оствари најголемата победа во иосторијата, откако го совлада Лихтенштајн на гости со 1-11. Поминаа 24 години од најубедливиот триумф, ова нека биде една дополнителна мотивација за сегашната генерација репрезентативци, дека испишаната историја останува за навек.
Хет – трик постигна Дејви Главевски, двојни стрелци беа Саша Ќириќ, Митко Стојковски и Тони Мицевски, а во „единаесетката“ се запишаа и Ѓорѓи Христов и Ванчо Мицевски.
Македонија на полувреме имаше водство од 0-6, а на крајот славеше со 1-11. Селекторт на фудбалската репрезентација на Македонија беше Ѓоко Хаџиевски, а го изведе следниот состав:
Целески, Седлоски, Марковски, Николовски, Стојковски, Јованоски, Гошев, Мицевски, Христов, Ќириќ, Главевски. Играа уште: Милошевски, Мицевски, Т. Наумоски. На клупата за резерви беа и Филевски, Милосавов, Шаќири.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













