
Легендарниот чилеански фудбалер Артуро Видал (36) често ги коментира случувањата во европскиот фудбал. Поранешниот играч за врска на Баер, Баерн, Јувентус, Интер и Барселона денеска настапува за бразилскиот Атлетико Параненсе, а сега го критикуваше Ерик тен Хаг, менаџерот на Манчестер Јунајтед.
„Овој тренер само им штети. Како можете да го отпуштите Кристијано Роналдо? Какви луѓе се тие? Тој беше најдобриот стрелец на тимот и потоа го избркаа. Секогаш има проблеми со овие ќелави луѓе”, рече тој на Твич.
За Чиле одигра 142 натпревари и постигна 34 гола.
Роналдо се врати во Јунајтед на 31 август 2021 година и остана таму до ноември 2022 година. Во неговата камбек сезона за Јунајтед, тој постигна 24 гола на 39 натпревари и асистираше трипати, а потоа по Светското првенство во Катар, потпиша за саудискиот Ал-Наср.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
