Артуро Видал (35), славниот чилеански фудбалер, поранешен играч на Јувентус, Баерн, Барселона и Интер, во Фламенго го одработува последниот договор во кариерата. Тој е голем професионалец, па не замина на погребот на својот татко Еразмо, кој почина од срцев удар на 63-годишна возраст, од Бразил.
Видал не долета од Рио до Сантијаго, на четири часа, поради првиот натпревар од финалето на Купот против Коринтијанс. Во натпреварот кој заврши без голови, тој влезе во игра во 65. минута.
Видал последното збогување на својот татко го гледаше на Фејсбук профилот на неговата сестра Амбер. Видал кога го видел ковчегот се скршил и почнал да плаче.
„Тато, денес ќе ми недостига твојата порака пред натпреварот, но знам дека ќе не поддржуваш одозгора, сега да го освоиме овој пехар и оној што доаѓа, за тебе и за сите оние кои ме поддржуваат секојдневно“, рече Видал.
Видал долго време не беше во добри односи со својот татко бидејќи го напуштил семејството кога Артуро бил дете. Меѓутоа, подоцна повторно се зближиле.
Vidal ao vivo no Instagram acho que tão fazendo uma homenagem no velório do pai dele. Ele está chorando 😢 #ForçasVidal pic.twitter.com/KSSloZM2vq
— Cavalinho do Flamengo (@cavalinhodoFlaa) October 14, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal