Играчот од средниот ред на Интер, Артуро Видал, откри дека имал шанси претходно да премине во клуб од Премиер – лигата, но истакна дека таа опција е сè уште во игра. Еден ден откако Антонио Конте беше прогласен за нов тренер на Тотенхем, Видал беше запрашан на социјалните мрежи дали може да се замисли себеси во Англија во иднина.
Конте го донесе чилеанскиот репрезентативец во Интер од Барселона на слободен трансфер, а Видал сега навести дека може да биде отворен за повторно обединување со Италијанецот во Лондон. Ѕвездата на “нероаѕурите“ разговараше со своите следбеници на Инстаграм и откри дека и претходно имал шанси да се пресели во Премиер – лигата.
„Имав шанси претходно, но на крајот ништо не се случи. Но, сè уште има време. Ќе видиме како ќе помине оваа сезона, што ќе се случи и каква ќе биде мојата иднина. Но, оваа сезона, сакам да дадам се и да се борам за Интер,” рече 34-годишниот фудбалер на социјалните мрежи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













