Connect with us

Ветеранот Џермејн Дефо се врати во Сандерленд

Поранешниот англиски репрезентативец Џермејн Дефo потпиша со еден од неговите поранешни клубови, Сандерленд. 39-годишниот напаѓач ќе се обиде да му помогне на тимот да избори промоција во Чемпионшип.

Дефo беше слободен агент по заминувањето од Ренџерс. Ветеранот играше за Сандерленд во периодот од 2015 до 2017 година и во тој период постигна вкупно 34 гола во Премиер – лигата.

Во својата кариера, напаѓачот има настапувано и за Вест Хем, Бoрнмут, Тотенхем, Портсмут и за Торонто.
По 29 кола во англиската Лига 1, Сандерленд е на третото место и има реални шанси да се искачи ранг погоре.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови