
Ветераните на ФК Борец покренаа иницијатива за да го преземат фудбалскиот прволигаш откако вчера дојде информацијата дека спонзорот Кочо Анѓушев се откажува од понатамошно финансирање. Тие бараат средба со досегашниот сопственик Кочо Анѓушев, на која ќе го замолат да не им дава веднаш исписници на играчите, за да може Борец да го продолжи првенството.
„Ние како ветерани сме многу благодарни на Кочо Анѓушев за досегашниот ангажман во Борец и резултатите кои ги направи во овие пет години додека го водеше и финансираше клубот. Ќе бараме од него да ни го предаде клубот, па ние подоцна ќе бараме начин како клубот да продолжи да се натпреварува. Не треба да ги пушти фудбалерите, бидејќи клубот практично ќе остане без играчи“, изјави Петре Ранготов, ветеран на ФК Борец за „батали.нет“.
Ветераните денеска ќе имаат средба со фудбалерите, на која ќе ги замолат да почекаат со одлуката да го напуштат клубот, бидејќи се бараат начини клубот да добие стабилно финансирање до крајот на сезоната.
„Бараме средба со Кочо Анѓушев, по можност уште денеска. На професионален начин му беше предаден клубот, во кои помина одлични пет години, за што сите сме му благодарни. Го замолуваме Анѓушев да се сретнеме и да се договориме да им го предаде клубот на ветераните, а ние понатаму ќе се снаоѓаме како знаеме и умееме, за да го задржиме прволигашкиот статус“, рече Марјан Нацев, ветеран на Борец.
Борец е во незвидна ситуација, откако вчера сопственикот и прв човек на Брако Кочо Анѓушев најави дека нема повеќе да го спонзорира клубот, незадоволен од односот на ОФС Велес, но и на ФФМ кон клубот.
Во меѓувреме се јави и Синдикатот на фудбалери на Македонија. Претседателот Панче Ќумбев апелира до играчите да не брзаат со одлуките за заминување од клубот.
„Јас ги разбирам играчите дека се во незавидна ситуација. Колку што знам, нив им е исплатено се, заклучно со јанури. Затоа, ги замолувам да почекаат уште некој ден, за да се види каква ќе биде ситуацијата со иницијативата на ветераните, за да не се остави клубот да не може да се натпреварува. Колку што знам, обезбедено е сместување и храна за фудбалерите до крајот на сезоната, а според информаиците кои ги имам, клубот има пари од ваучерот“, рече Ќумбев.
Првиот човек на Брако и довчерашен сопственик на Борец Кочо Анѓушев вели дека нема ништо против да се сретне со ветераните уште денеска.
„Јас уште пред две недели дадов понуда да го предадам клубот на оној кој е заинтересиран и на неа никој не се јави. Немам ништо против ветераните да го преземат клубот, но играчите имаат малку време да си ја обезбедат фудбалската средина. Јас ги ислаќам сите нивни обрски заклучно со јануари, па ако до крајот на месецов не ги раскинеме договорите, ќе се ставиме во непријатна ситуација, тие и понатаму да имаат побарувања од спонзорот, кој официјално ја прекинува соработката со клубот“, рече Кочо Анѓушев, сопственик на Брако.
Борец на полусезона е на делба на петтото место заедно со Вардар. Сезоната треба да продолжи на 14 февруари, а кога и завршува преодниот рок за фудбалери. Ако Борец нема десет професионални фудбалери, ќе биде прекомандуван во втората лига, а доколку нема екипа со која ќе може да одигрува натпревари, ќе биде префрлен во најниската четврта лига.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Милан со пресврт го победи Калјари (ВИДЕО)

Прва лига
ФК Вардар: Доста беше!

Прва лига
ФК Вардар: Доста беше!

Евро-фудбал
Арда Ѓулер повторно се повреди

Втора лига
Суспендиран теренот на Башкими

Евро-фудбал
Руди Гарсија доби ултиматум од Наполи

Евро-фудбал
Милан со пресврт го победи Калјари (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Мајорка ја сопре Барселона (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Севилја ја декласира Алмерија (ВИДЕО)
