Хрватскиот интернационалец Никола Влашиќ не успеа да реализира трансфер во Милан, но можеби ќе се врати во Премиер – лигата. Вест Хем е заинтересиран за него и веќе понуди 30 милиони евра на ЦСКА Москва. Лондонскиот клуб во понудата испратена во Москва има и дополнителни 8 милиони евра во бонуси.
Доколку Влашиќ се врати на Островот, тоа ќе биде втор негов клуб во Англија, со оглед дека тој премина од Хајдук во Евертон во 2017 година. Потоа се пресели во ЦСКА Москва следната сезона, прво на позајмица, а потоа и во трансфер вреден 15 милиони евра.
Во рускиот шампионат, тој постигна 28 гола и имаше 16 асистенции на 86 натпревари за ЦСКА. Во сезоната 2019/20 беше прогласен за најдобар играч на тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













