Германскиот репрезентативец Тимо Вернер даде брутално искрена изјава. Тој покажа многу малку откако пристигна во Челси од Лајпциг. Сезонава настапи на само 18 официјални натпревари и постигна шест гола, што секако е премалку за напаѓач од таков калибар.
Челси за Вернер плати 53 милиони евра во јули 2020 година кога го донесе од Лајпциг и од тој момент до денес одигра 80 официјални натпревари и постигна само 18 гола со 17 асистенции.
Напаѓачот има договор со Челси до летото 2025 година, а сега даде изјава која фудбалерите навистина не се осмелуваат да ја дадат, колку и да се очајни.
„Не знам зошто навивачите на Челси ме поддржуваат толку многу. Како напаѓач, сакаш да постигнуваш што повеќе голови, а јас понекогаш пропуштам неверојатни шанси и тоа страшно ме загрижува и нервира”, изјави Вернер.
И менаџерот на Челси, Томас Тухел, и навивачите на „сините“ веруваат дека Вернер ќе „експлодира“ порано или подоцна и ќе покаже дека е напаѓач кој може да постигнува голови во континуитет.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal