Connect with us

Верати и Де Пол доаѓаат во Јувентус од следната сезона

Италијанскиот првак Јувентус има лоша сезона под раководство на Андреа Пирло. „Старата дама“ доживеа елиминација од Порто во осминафиналето на Лигата на шампионите, а заостанува и во трката за шампионската титула во Серија. Раководството веќе одлучи дека во Торино ќе мора да пристигнат неколку нови засилувања во летниот преоден рок.

Главното прашање во навалната линија е дали ќе остане Кристијано Роналдо и дали Пауло Дибала ќе биде продаден, но Андреа Пирло смета дека најмногу промени му се потребни во средниот ред. Оваа линија за врска на Јувентус едноставно ја нема потребната креација, па Пирло сака да направи револуционерен потег и да доведе двајца „волшебници“ со топката.

Првата и најголема желба на Пирло е Марко Верати, италијанскиот репрезентативец кој игра во дресот на Пари Сен Жермен, а втората е се чини подостапна, Родриго де Пол, соиграчот на Илија Несторовски од Удинезе. За овие двајца фудбалери е подготвен да плати вкупно 80 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови