
Венецуела го оствари својот втор последователен трумф на Копа Америка и се пласираше во четвртфиналето, совладувајќи го Мексико со 1-0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Хосе Саломон Рондон од пенал во 57. минута.
Венецуела, исто така, победи против Еквадор на почетокот на турнирот, со што обезбеди шест бода и едно од првите две места во групата Б. Мексико остана со три бода благодарение на победата над Јамајка.
Во 57. минута, искусниот Хосе Саломон Рондон постигна гол од пенал за Венецуела, кој беше досуден поради прекршок над Хулијан Кинонес. Во завршните минути, Мексико имаше можност да израмни. „Ацтеките” исто така добија пенал, но ударот на Орбелин Пинеда беше одбранет од голманот Рафаел Ромо.
Еквадор ја победи Јамајка со 3-1. Кеси Палмер постигна автогол во 13. минута, а Кендри Паез го зголеми резултатот на 2-0 со гол од пенал во последните моменти на првото полувреме.
Јамајка постигна гол за надеж во 54. минута преку Михаил Антонио, но победата на Еквадор беше потврдена од Алан Минда во 90. минута од натпреварот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија
