Велез Сарсфилд е новиот шампион на Аргентина, освојувајќи ја титулата по победата над Хуракан со 2-0 во последното коло од сезоната. Ова е 11. титула во историјата на клубот и прва по пауза од 11 години, додека истовремено се навршуваат 30 години од нивниот историски успех со освојувањето на Копа Либертадорес и Интерконтиненталниот куп.
До последното коло три тима беа во игра за шампионската титула. Талерес отпадна од трката откако загуби на домашен терен од Њуелс Олд Бојс со 1-3. Тимот од Кордоба, кој беше во серија од пет последовни победи, не успеа да совлада противник кој заврши на 25-то место во конечниот пласман.
Хуракан можеше да стане шампион доколку победеше во директниот дуел со Велес. Натпреварот започна со предност од две бода за домаќините, кои ќе беа задоволни и со нерешен резултат поради поразот на Талерес. Сепак, Велез оствари победа и го воодушеви преполниот стадион „Хосе Амалфитани“ во Буенос Аирес.
Првиот гол за Велез го постигна Клаудио Акино во 30-та минута, кога успешно ја искористи одбиената топка по интервенцијата на голманот на Хуракан, Ернан Галиндес.
Набрзо потоа, непосредно пред паузата, домаќините го зголемија водството на 2-0 преку Дамиан Фернандез, кој исто така постигна гол по одбранет удар од Галиндес.
Со оваа титула, Велез Сарсфилд останува шестиот најуспешен клуб во Аргентина. На врвот на листата се Ривер Плата со 38 титули и Бока јуниорс со 35 титули.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal