Вејн Руни ќе ја преземе менаџерската функција во Бирмингем Сити. Тој во неделата поднесе оставка како менаџер на ДЦ Јунајтед во МЛС лигата, додека Бирмингем го отпушти Џон Јустас и моментално е без менаџер.
Според информациите од Островот, Бирмингем веќе стапил во контакт со Руни, кој ја прифатил нивната понуда и веќе ги договорил личните услови со „сините“. Се претпоставува дека стратегот се сели во „Сент Ендрјус“ со плата од околу 29.000 фунти неделно.
Бирмингем моментално е шестопласиран на табелата во Чемпионшип пред репрезентативната пауза за националните тимови, со пет победи, три нерешени и три порази и освоени 18 бода. Сепак, сериозно заостанува зад лидерот Лестер кој има 30 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













