Connect with us

Вејн Руни: Да бев Арне Слот, ќе го седнев Салах на клупата

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед и англиската репрезентација, Вејн Руни, смета дека Мохамед Салах треба да биде оставен на клупата во Ливерпул.

Египќанецот повторно не успеа да постигне гол или асистенција во поразот од Нотингам Форест со 0-3. Од почетокот на сезоната, Салах има пет голови на 17 натпревари, што е значителен пад во споредба со неговите претходни сезони.

„Да бев Арне Слот, би донел важна одлука за да не влијае негативно врз остатокот од тимот. Салах не му помага на Ливерпул во одбраната. Ако си нов играч што штотуку дошол и седиш на клупа, гледајќи го него како не трча назад, што треба да помислиш? Не е важно дека е легенда на клубот и дека има направено многу“, изјави Руни во својот подкаст, пренесен од „Би-Би-Си“.

Во сезоната 2024/25, Салах стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој заврши прв и по голови и по асистенции, освојувајќи ја наградата за фудбалер на сезоната. Неговата форма се совпадна со доаѓањето на Арне Слот на клупата, кој го одведе Ливерпул до титулата во Премиер лигата. По успехот, клубот ја засили офанзивата со Флоријан Вирц, Уго Екитике и Александер Исак, но Салах остана незаменлив во тимот и покрај слабите настапи оваа сезона.

Руни се осврна и на трагичниот настан со Диого Жота, кој загина во сообраќајна несреќа летово, како фактор што влијаел на тимот.

„Тешко им е, без сомнение. Мора да се земе предвид што се случи со Жота. Тој беше нивни соиграч и тоа не може да не остави последици. Но, тоа не е изговор да не се бориш и да не помагаш во одбраната“, додаде Руни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови