Connect with us

Вејн Хенеси е третиот голман во историјата на СП кој добил црвен картон, прв воопшто во Катар

Велс загуби од Иран во фотофиниш, откако овој тим играше со десетмина од 84. минута на дуелот против Иран. Голманот Вејн Хенеси беше исклучен поради брутален старт надвор од шеснаесетникот, а Чешми во 98. минута и Разеиан во 101. минута донесоа важен триумф за Иранците.


Хенеси стана само третиот голман во историјата на светските првенства кој добил црвен картон. Пред него исклучени беа само Италијанецот Џанлука Паљука против Норвешка во САД во 1994 година и Итумеленг Куне во Јужна Африка во 2010 година против домаќинот Уругвај.


Голманот на Нотингем Форест е и првиот играч кој доби црвен картон во Катар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови