Брегалница утре во Штип ја пречекува Шкендија во првиот натпревар од 15. коло во Првата фудбалска лига.
Еден од најдобрите фудбалери на штипјани, Роналдо Вебстер, верува дека тимот може да одигра квалитетно и да оствари триумф.
„На првиот меѓусебен натпревар со Шкендија сезонава загубивме несреќно. Бевме подобар противник, креиравме шанси, но не успеавме да постигнеме гол. Но, тоа е фудбалот. Сите знаеме дека Шкендија е добар тим, но лично сметам дека е време Брегалница да се врати на победничка патека и само победа ни е во мислите, размислуваме само на цел плен од мечот“, изјави Роналдо Вебстер за официјалниот сајт на клубот.
„Тренираме напорно, ќе играме посветено и мотивирано. Размислуваме сите исто, само победа е опција в сабота. И нормално, почеток на една добра серија со позитивни резултати“, дополни Вебстер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













