Претпоследниот тим на табелата во Премиер – лигата, Вест Бромвич Албион преживеа на „Енфилд Роуд“ играјќи 1-1 против актуелниот првак и моментно лидер на табелата, составот на Ливерпул. Тимот на Сем Алардајс одигра храбро второ полувреме и успеа да израмни со голот на Семи Аџаји во 82минута.
Ливерпул беше многу подобар тим во првиот дел, но обезбеди само минимална предност со голот на Садио Мане во 12.минута. Потоа „црвените“ како да се задоволија со минималното водство, а тоа на крајот им се одмазди.
Ливерпул на врвот има 32 бода, додека Вест Бромвич се наоѓа на 19. место со само осум бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













