Вардар ја прекина серијата од четири меча без победа и триумфираше на гости против Борец со 0-2. Таму каде што сите други не можат да победат, Вардар успева да освои бодови, на гостувањето во Велес. Тренерот Александар Васоски кој денеска го слави 41. роденден е среќен за триумфот.
„Среќен сум за момците. Максимално се бореа на овој тежок терен. Трениравме на вештачка трева, но во првиот дел имавме проблеми да ја изнесеме топката од сопственото поле и поради силниот ветар. Сето тоа се промени во вториот дел, беше подобро за нас. Ние ги искористивме шансите за разлика од Борец. Мора да бидеме задоволни, ретко која екипа освојува бодови во Велес“, вели Алкесандар Васоски.
Вардар победи со 0-2, со головите на Јован Попзлатанов и на Матеј Цветаноски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal













