
Вардар е во негативна серија, беше блиску до победа против Ренова, но дозволи да прими гол за израмнување (3-3) во 90.минута. Тренерот Александар Васоски, сепак, предупредува за нешто многу поопасно – црно сценарио за Вардар после декември.
„Почитувани симпатизери на Вардар, се чувствувам должен да ви се обратам по повод најновите резултати на Вардар, како и периодот што следи после декември. Што се однесува до резултатите во последните неколку кола – не се на ниво на Вардар, а се плод на лошата среќа и на созревањето на екипата. Нашиот тим на овие мечеви, сметајќи го и тој во кој убедливо загубивме од Шкендија (1-5), не беше во подредена улога. Напротив, во сите параметри, освен, за жал, во головите, бевме подобри од нашите противници. Физичката подготвеност во моментов е задоволителна, но ни фалат пријателски средби да ги корегираме грешките. Имаме комплетно нова екипа, која во од ја воигруваме и се надевам дека ќе ни се врати среќата, па ќе заиграме уште подобро. Доколку не се среди ситуацијата во клубот после декември, Вардар ќе го доживее најцрното сценарио од неговото постоење“, објави Александар Васоски на социјалните мрежи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
