
Вардар како домаќин на Шкендија во 28. коло од Првата македонска лига в недела на „Борис Трајковски“ во Маџари ја очекува последната дерби пресметка сезонава.
„Вардарци“ веруваат дека може да стигнат до првата победа сезонава против својот најголем конкурент.
„Последен дерби натпревар за оваа сезона, ние сакаме да ја оствариме првата победа и мислиме на тоа. Мотивирани сме да дадеме се од себе за да победиме на овој меч. Нема да се навраќаме на она што се случуваше во изминатите два меѓусебни натпревари, туку ќе мислиме само на недела. Ако против Академија Пандев имавме многу шанси кои не ги искористивме, и со тоа не дојдовме до победа, тогаш на овој натпревар ќе треба да се користи секоја шанса која ќе ни се пружи. Очекувам момците да го дадат максимумот и се надевам дека тоа ќе биде доволно за победа“ – шефот на стручниот штаб на „црвено-црните“, Александар Васоски.
Васоски ги повикува љубителите на фудбалот да дојдат во што поголем број и да дадат поддршка за најтрофејниот македонски клуб.
„Станува збор за дуел на двете најдобри екипи во моментов, и тоа нека биде доволен мотив за публиката да дојде во што поголем број во недела“ – вели Васоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го освои „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)
