
Фудбалерите на Силекс не успеаја да ја минат првата пречка во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Иако на реваншот одиграа борбено и стигнаа до победа од 2-1 над црногорскиот Дечиќ, поразот од 2-0 на гостински терен се покажа како клучен.
Со вкупен резултат од 3-2, Дечиќ продолжува понатаму, а кратовчани завршуваат со учеството на европската сцена за оваа сезона.
По натпреварот, тренерот на Силекс, Александар Васоски, упати спортски честитки до противникот, но не ги криеше емоциите и гордоста кон своите фудбалери.
„Честитки за пласманот на Дечиќ во втората рунда. Секако дека постои разочарување, но мораме да бидеме горди – особено на начинот на кој одигравме во последната третина од натпреварот. Можевме да избориме продолженија. Примивме ран гол, што нè погоди психолошки, но кога Дечиќ се опушти, ние создадовме шест-седум одлични шанси.“
Васоски нагласи дека фудбалот понекогаш е суров и непредвидлив, но подвлече дека противникот заслужено оди понатаму поради еден гол повеќе на првиот меч.
„Сега целосно се насочуваме кон домашниот шампионат. Ќе се обидеме да изградиме тим што повторно ќе се бори за највисоките места“, додаде тој.
„И најважно – едно големо благодариме до нашите навивачи. Атмосферата беше феноменална. Посакувам секој наш натпревар да изгледа вака.“
Ади Алиќ останува единствениот стрелец за Силекс во двомечот, но кратовци, и покрај елиминацијата, го напуштаат натпреварувањето со достоинство и борбен дух што дава надеж за иднината.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
