Одличниот почеток на сезоната во Прва МФЛ и петте победи од пет кола ја зголемуваат мотивацијата кај фудбалерите на Силекс да продолжат во ист ритам и во натпреварот од шестото коло. Ривал на кратовскиот тим денеска ќе биде Башкими во Куманово.
Силекс за првпат ја вадеше топката од мрежата на мечот со Работнички, а сега се надева дека ќе остане недопрен на гостувањето во Куманово и на крајот ќе освои нови три бода.
За Александар Васоски, тренерот на моменталниот лидер на табелата, ова ќе биде едно од потешките гостувања сезонава.
„Нè очекува тежок натпревар со добар противник. И покрај тоа што имаат два пораза по ред, можам да кажам дека станува збор за цврста екипа. Освен оној пораз од Струга ТЛ со 5:0, кога играа со играч помалку, на сите други натпревари се носеа добро. Дури и на моменти беа подобри од своите противници. Нема да го потцениме овој, како и ниту еден друг противник, и покрај нашиот одличен старт. Ќе се обидеме со нашата игра да дојдеме до нови три бода. Атмосферата во екипата е одлична и се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам и од ова тешко гостување ќе се вратиме со победа. На располагање ги имам сите фудбалери и верувам дека можеме да стигнеме до уште еден триумф“, изјави Васоски за сајтот на ФФМ.
На досегашните две гостувања сезонава, Силекс ги совлада Арсими со 0-1, а со Шкупи победи службено со 0-3.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













