
Силекс е пред голем предизвик во Конференциската лига – по поразот од 2-0 во првиот натпревар против црногорскиот Дечиќ, кратовци ќе мора да направат вистински подвиг за да се пласираат понатаму.
Тренерот Александар Васоски, и покрај неповолниот резултат, не го губи оптимизмот. На прес-конференцијата најави дека неговите фудбалери се подготвени за фудбалска битка.
„Знаеме што нѐ чека и сме свесни за тежината на задачата. Сепак, им верувам на играчите – верувам во нивниот квалитет. Можеби делуваше дека Дечиќ е лесен противник, но се покажа дека станува збор за сериозна екипа. Ќе мора да бидеме трпеливи и паметни. Првиот гол е клучен – ако успееме рано да погодиме, ќе ја вратиме неизвесноста“, изјави Васоски.
Тој додаде дека мечот може да се реши со индивидуални потези или ситуации по прекин, особено ако противникот се одлучи за затворена игра.
„Во фудбалот, ништо не е сигурно. Не постојат математички формули – едно плус едно не е секогаш два“, рече Васоски со доза на реалност.
Силекс ќе има поддршка од домашната публика, бидејќи реваншот ќе се игра во Скопје, на теренот „Петар Милошевски“ од 19 часот.
Капитенот Дарко Анѓелески верува дека Силекс може да направи пресврт.
„Не очекува тежок натпревар. Но, ние работевме напорно изминативе денови. Сметам дека сме подготвени и за 90 минути да стигнеме до посакуваната победа“, изјави Анѓелески.
Ќе успее ли вицешампионот да направи пресврт и да ја продолжи европската авантура? Одговорот ќе го добиеме утревечер на стадионот на ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Удинезе го шокираше Интер во Милано (ВИДЕО)

Втора лига
Беласица ја доби голеадата против Скопје

Интернационалци
Елмас е во Неапол, следи потпис за Наполи (ВИДЕО)
