
Најтрофејниот македонски клуб Вардар во четврти обид за да освои бодови по враќањето во елитата. Со трет тренер на кормилото, по Бобан Грнчаров и Бобан Бабунски, кој го водеше тимот против Воска, сега Александар Васоски ќе седне на клупата. Тој се враќа во клубот и заедно со Ѓоко Хаџиевски треба да дадат импулс за извлекување на тимот од дното на табелата каде што се наоѓа во моментот заедно со Гостивар.
Силекс е осоколен по ремито против Шкупи на Чаир и сигурно ќе се обиде да остане непоразен и денеска на стадионот „Борис Трајковски“.
Шкендија има „два од два“ во првенството и сака да продолжи со максимален ефект, а за ривал во Тетово ќе ја има Брегалница.
Шкупи гостува во Ѓорче Петров во скопска пресметка со Македонија ЃП, додека Гостивар на домашен терен го пречекува Работнички.
Утре се игра натпревар меѓу Брера и Тиквеш, додека мечот меѓу Воска и Струга ТЛ е закажан за 27.септември.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 4.КОЛО
ВАРДАР – СИЛЕКС
ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
УТРЕ: БРЕРА – ТИКВЕШ
ВОСКА – СТРУГА ТЛ (27.09.2023)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
