Тиквеш се соочува со проблеми уште од почетокот на сезоната, но се чини дека полека работите доаѓаат на своето место и се верува дека токму по денешниот натпревар следуваат подобри резултати.
Кавадарчани во моментов се на десеттото место на табелата со пет освоени бода и со евентуален триумф денеска на свој терен од 15:00 часот против Македонија ЃП, нештата може само да се подобрат што е и примарна цел за сите во клубот.
„Мора да се признае дека ова е турбулентен период за Тиквеш. Доколку победиме денеска ќе се вратиме во нормален тек. На гостувањето против Шкендија одигравме добро и штета што не успеавме да освоиме бод. Очекувам дека во иднина ќе постигнуваме подобри резултати. Ако ја погледнете табелата самите ќе се уверите дека екипите се израмнети. Ние имавме лош старт на сезоната, но конкуренцијата е израмнета и поради тоа ние немаме поголемо заостанување зад останатите екипи. Играме добро, создаваме шанси, но за жал постигнавме само три гола што значи дека мораме да ја подобриме реализацијата. Се надевам дека бргу ќе излеземе од кризата “, изјави искусниот Александар Вареловски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













