Connect with us

Вардарци на гости кај Васоски, Шкендија по титула кај Беласица

Најтрофејниот македонски клуб Вардар се обидува да се извлече од опасната зона на табелата, а денеска (13 часот) гостува кај поранешниот тренер Александар Васоски кој е тренер на Академија Пандев. И на „пандевци“ не им е мирна ситуацијата околу опстанокот, па ова ќе биде интересен дуел за бодовите.

„Сакам Академија Пандев да победи, а Вардар на крајот да обезбеди опстанок“, вели сегашниот шеф на стручниот штаб на Академија Пандев.

Вардарци ја очекуваат првата победа оваа пролет, но ќе биде тешка мисија за нив во Струмица.

А во истиот град, само стотина метри подолу ќе игра и лидерот Шкендија во обид на неколку кола пред крајот и официјално да ја обезбеди шампионската титула. Противник е последнопласираниот тим на табелата, Беласица. Доколку тимот на Ернест Ѓока оствари триумф, а Шкупи загуби на гостувањето кај Борец, тогаш Шкендија уште денеска ќе стане нов шампион. Бесарт Ибраими нема да биде во тимот поради пет жолти картони, а од исти причини и Ернест Ѓока нема да го води составот од клупата.

На останатите натпревари, Работнички во интересен дуел на Националната арена ја пречекува Македонија ЃП, а Струга Трим Лум е домаќин на Пелистер.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови