Најтрофејниот македонски клуб Вардар е на добар пат да обезбеди опстанок во елитата, откако стигна до водство од 2-0 против Детонит Плачковица по првото полувреме од баражот кој се игра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.
Детонит се држеше до 42. минута кога Дејан Ѓуриќ успеа да ја затресе мрежата на Димитар Ѓорѓиев со удар од петерецот. Тој реагираше одлично на одбиената топка по прекинот и мешаницата во шеснаесетникот на Детонит.
Во 45.минута, Лука Сушњара упати вистинска „бомба“ од десната страна и зголеми на 2-0.
Вардарци имаат сега комфорна предност и уште 45 минути ги делат од остварување на целта и опстанок во прволигашкото друштво.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













