
Фудбалскиот клуб Вардар, најтрофејниот и најголем спортски бренд во македонската фудбалска историја, денеска одбележува 78 години од своето основање. Роденденот доаѓа само два дена пред важниот натпревар со Лозана, вo второто квалификациско коло од Конференциската лига.
Вардар е формиран на денешен ден во 1946 година и од тогаш па наваму останува симбол на македонскиот фудбал. Благодарение на бројните трофеи и верната навивачка база, „црвено-црните“ изградија имиџ на најголем спортски колектив во земјава.
Во својата богата историја, клубот доживеа и светли, но и тешки моменти. Вардар има освоено шампионска титула и Куп на СФР Југославија, што само ја потврдува неговата историска важност во поранешната држава. По осамостојувањето на Македонија, клубот продолжи со доминација и ја зацврсти својата позиција како фудбалски великан.
По седум години отсуство од европските натпреварувања, Вардар ова лето се врати на меѓународната сцена и успешно го мина првото квалификациско коло. Сега предизвикот е поголем – двомечот со швајцарската Лозана.
„Ќе дадеме сѐ од себе, ова е само првото полувреме, а нѐ чека и реванш на гостински терен. Ги повикувам сите навивачи да нѐ поддржат, а ние ќе се обидеме да прикажеме квалитетна игра и офанзивен фудбал.
Нема лесни ривали – противникот е сериозен тим. Но, најважно е како ние ќе настапиме. Играчите мора да покажат карактер. За овие два натпревари, ние сме фокусирани само на себе. Како што кажав, клучно е нашето влегување во мечот – нашата филозофија е да играме напаѓачки, со многу шанси и голови. Целта ни е да покажеме дека можеме да се носиме со секој противник“, вели тренерот Гоце Седлоски.
Првиот натпревар се игра в четврток на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје – совршена шанса за фановите да го наполнат стадионот и да дадат поддршка на тимот. Победа токму на роденденската недела би била идеален начин за прослава и поттик за уште поголеми успеси во иднина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
