
Вардар продолжува со ангажирањето на нови играчи за пролетниот дел од сезоната. Третото засилување за најтрофејниот клуб е левиот бек Михаил Маневски.
Маневски, кој има 25 години, во првата половина од сезоната играше за Тиквеш, додека претходно настапуваше за тимовите на Академија Пандев, Брегалница, Шкендија, Силекс и за Гостивар.
Неговите фудбалски почетоци се поврзани со младинската школа на Академија Пандев.
Пред ова засилување, Вардар веќе ги обезбеди услугите на словачкиот стопер Михал Пинтер, кој дојде од Шкупи, и десниот бек Георги Јанкулов, кој настапуваше за АП Брера. Вардар е во завршни преговори и со Фаустин Сенгор, стоперот кој своевремено играше за Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал влегува во трка за трансферот на Родриго
