
Вардар оствари нова победа совладувајќи ја Беса со 3-1 во првиот натпревар од 29. коло на Првата македонска фудбалска лига. Дуелот се одигра на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија, каде што капитенот на „црвено-црните“, Горан Закариќ, блескаше со два гола.
Закариќ го отвори резултатот од пенал во 45. минута, а потоа со прекрасен удар од 18 метри во 58-та минута го удвои водството на Вардар. Беса успеа да намали преку Влатко Стојановски во 69. минута, но радоста им беше краткотрајна, бидејќи веќе во 71. минута Роџерс Мато го постигна третиот гол за Вардар и ја запечати победата.
Со оваа победа, Вардар ја продолжи својата неверојатна серија на 13 натпревари без пораз, што е нов клупски рекорд, надминувајќи ја серијата од 12 натпревари без пораз од сезоната 2019/20.
Останатите натпревари од ова коло ќе се одиграат утре, додека за понеделник беше закажан дуелот меѓу Брера и Воска Спорт, но охридскиот клуб денеска објави дека се повлекува од натпреварувањето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
