
Со сигурна предност од 3-0 од првиот натпревар, Вардар вечерва го игра реваншот против Ла Фиорита во Сан Марино во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Иако резултатот од првиот меч гарантира речиси сигурен пласман во следната рунда, вардарци не сакаат да остават ништо на случајноста.
Тренерот Гоце Седлоски беше јасен во својата најава – нема простор за потценување.

„Уште по завршувањето на првиот меч во Скопје им реков на играчите дека нема опуштање. Знаеме што може да се случи во Европа – многу екипи со голема предност испаѓаат. Ќе играме како да немаме никаква предност. Мора да бидеме уште подобри отколку во првиот натпревар“, изјави Седлоски.
Првиот дуел беше решен во второто полувреме, кога Вардар го скрши отпорот на тимот од Сан Марино. Сега, фокусот е насочен кон стабилна игра и нова победа, со цел да се одржи позитивната атмосфера пред следната фаза.

Играчот за врска Данел Донгмо ги сподели ставот на својот тренер.
„Имаме добар резултат, но сакаме уште една победа. Атмосферата во тимот е одлична, сите трениравме максимално фокусирано и целта е јасна – нов триумф.“
Натпреварот започнува вечерва во 21 часот. Вардар ќе настапи без неколку клучни фудбалери – Филип Најдовски и Фаустин Сенгор се отсутни поради повреди, а најновото отсуство е Михаил Талевски, кој почувствувал болка на претпоследниот тренинг и нема да биде во комбинација за настап.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
